Една од основните превентивни мерки против болестите е редовната и умерена физичка активност, која позитивно влијае на општото физичко и психичко здравје.

  • Според Светската здравствена организација, количината на физичка активност потребна за здрав живот е најмалку 150 минути умерена активност или 75 минути активност со висок интензитет неделно. Ова може да биде брзо одење, трчање, пливање, возење велосипед или која било друга активност што го зголемува пулсот и дишењето.

Физичката активност го подобрува дишењето, крвниот притисок, нивото на холестерол, гликозата во крвта, имунитетот и го намалува ризикот од кардиоваскуларни, пулмонални, гастроентерохепатални, локомоторни, ментални и други болести. Исто така, вежбите помагаат во лесно контролирање на телесната тежина, зголемување на мускулната сила и издржливост, менталната издржливост, подобрување на квалитетот на сонот итн.

Обидете се да ја вклучите физичката активност во вашиот дневен режим, бидејќи тоа ќе ви помогне да го подобрите целокупното здравје и да ја намалите можноста да страдате од разни акутни и хронични болести.

Спортувањето е најдобриот превентивен лек за болести!

Сподели со пријатели! | Shpërndaje me miqtë!