Хигиената е збир на практики што се вршат за одржување на здравјето. Според Светската здравствена организација (СЗО), „хигиената се однесува на условите и практиките кои помагаат да се одржи здравјето и да се спречи ширењето на болеста“. Добрата хигиена е од суштинско значење за превенција на болести и општо добро здравје. Правилната хигиена помага да се спречи ширењето на инфекции и да се заштити вашето тело од бројни бактерии, вируси и други патогени. На крајот на краиштата, треба да знаете дека добрата хигиена не е само позитивна навика, туку и инвестиција во добро здравје, за вас и вашите најблиски.
Пораката за важноста на добрата хигиена треба да се шири во заедницата, бидејќи таа е една од најефикасните мерки за заштита на јавното здравје. Практиките насочени кон одржување на личната хигиена и чистење на животната средина имаат големо влијание врз здравјето и благосостојбата. Затоа, кога зборуваме за хигиена, важно е да се посветиме на личната хигиена и да одржуваме чиста животна средина, бидејќи таму каде што нема чистота , нема здравје и благосостојба.
Најважните хигиенски принципи за превенција од болести:
- Редовното миење на рацете, носот и лицето е една од најважните превентивни мерки против болести, вклучувајќи настинки и грип.
- Редовното миење на забите, после секој оброк придонесува за целокупно добро здравје.
- Редовното сечење на ноктите на рацете и нозете е важен аспект на личната хигиена и заштита од разни патогени и бактерии.
- Редовното капење или туширање помага да се отстрани прашината, нечистотијата и бактериите од телото.
- Честото перење на алиштата е важен аспект за превенција од разни болести. Облеката е постојано во контакт со различни површини и предмети, па тие можат да станат носители на бактерии и вируси.
- Редовното чистење на кујнските површини и приборот за јадење помага да се спречи ширењето на разни болести.
- Редовното чистење и проветрување на домот се две важни практики за одржување на здрав и хигиенски простор за живеење.
- Редовното одржување на чиста средина надвор од домот може да придонесе за подобро здравје, општа благосостојба и да има позитивно влијание врз животната средина.
Примената на овие хигиенски принципи може значително да го подобри здравјето и да спречи ширење на болести и инфекции. Хигиената е важна за добро здравје!